Дресот на Дракслер во германската репрезентација за момент предизвика конфузија (ФОТО)

by
1 минути читање

Новата гарнитура
на дресови, поточно гостински дресови кои Германија ќе ги користи на Светското
првенство во Русија годинава, излегоа во употреба откако „Адидас“ и официјално
ги претстави истите во еден нов, поинаков дизајн од претходните.

Но, фонтот на
буквите донесе мала конфузија кај љубителите на фудбалот, особено во презимето на Јулијан Дракслер.

Доколку некој
љубител на фудбалот досега не бил во можност точно да увиди како се пишува
неговото презиме, тогаш тешко дека би погодил дека се работи за буквата „
X во „Draxler.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани