Драматичен финиш во Серија А, Интер со пресврт до триумф над Лацио за место во ЛШ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во натпревар кој беше еднаков на финале, Интер во дараматичен финиш триумфираше против Лацио и го освои четвртото место на табелата.

Лацио одлично го отвори натпреварот, имаше неколку полу-шанси и стигна до водство веќе во 9. минута со голема доза на среќа. Марушиќ биеше, топката ќе завршеше крај голот, но го погоди Перишиќ во лице и го измами Хандановиќ за 1-0. Интер се врати во игра по еден час игра. По еден корнер настана голема мешаница а Д’Амброзио се снајде најдобро и ја затресе мрежата на Лацио.

Сепак, домаќините заминаа со предност на полувреме. Интер по изедначувачкиот гол почна да прави притисок, но следеше контра на спротивната страна и Фелипе Андерсон реализираше за 2-1.

Лацио потоа умешно го чуваше водството се до завршницата кога се случи голема драма. Најпрво Де Врај, кој следната сезона ќе го носи дресот на Интер, направи пенал со старт врз Икарди а Аргентинецот од белата точка изденачи на 2-2. Потоа Лулиќ заработи втор жолт картон и исклучување, а „Нероаѕурите“ веднаш ја искористија бројчаната предност и со голот на Весино во 81. минута стигнаа до 2-3. 

„Бјанкочелестите“ немаа сила во завршните минути за реми, па Интер се радуваше на три бода кои му донесоа настап во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани