Реал ја помина Борусија во меч со лудо судиско продолжение! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство откако во последниот четвртфинален дуел славеше со 3-2 над Борусија Дортмунд. „Кралскиот клуб“ сега го чека големото полуфинале против актуелниот европски првак – Пари Сен Жермен.

Шпанскиот гигант поведе уште во 10. минута кога по асистенција на Арда Ѓулер, Гонзало Гарсија даде гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Тоа беше четврти гол за младиот фудбалер на Светското клупско првенство, има и една асистенција.

Десет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Фран Гарсија која погоди по асистенција на Трент Александер-Арнолд. Со водство од 2-0 за Реал се отиде на одморот.

Овој резултат беше актуелен долго во второто полувреме и се чинеше дека така и ќе заврши мечот. Но во судиското продолжение се случи вистинско лудило.

Најпрво Бејер во 93. минута постигна гол за Борусија и намали на 2-1, а во наредната минута Мбапе постигна убав гол за предност на Реал Мадрид од 3-1.

Но, тоа не беше се, во 97. минута Хујсен направи фаул за пенал и доби црвен картон, Гираси го реализираше ударот од белата точка за конечни 3-2.

Пех за Реал Мадрид ќе биде неиграњето на Хујсен кој досега беше стандарден во дефанзивата на Реал Мадрид.

Во полуфиналето ќе играат можеби двата најдобри клуба на натпреварувањето, Реал Мадрид и ПСЖ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Флуминенсе и Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×