103
Галатасарај загуби на
гостувањето кај Кашимпаша со 2-1 во 22 коло од турската Суперлига, а исходот од
средбата во Истанбул заврши во сенка по тоа што се случи во еден момент од
мечот по кој сите беа во шок.
Напаѓачот на
Галатасарај, Бафетимби Гомис во еден момент од средбата колабираше и падна на
теренот, по што настана паника во двата табора, по укажаната лекарска
интервенција било констатирано дека напаѓачот имал низок крвен притисок, па тоа
било причината зошто му се слошило.
Но, потоа настана една
доста чудесна одлука на лекарскиот тим на Галатасарај кој му дозволи на Гомис
да се врати на мечот и истиот да го доигра до крај.