Нико Ковач, кој
следната сезона ќе седне на кормилото на Баерн, вечерва ги фрли „Баварците“ на
колена откако го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до триумф на Олимпискиот Стадион
во Берлин во финалето од Купот на Германија.
Ребиќ во 11. минута најави дека фаворитот ќе има тешка вечер, но
Левандовски изедначи на стартот од вториот дел. Гостите сепак и по втор пат го
шокираа шампионот на Германија, Ребиќ со својот втор гол во 82. минута донесе 1-2.
Потоа следуваше драма во судиското надополнување. Баерн бараше пенал откако
еден играч на Ајнтрахт неспретно реагираше и наместо да ја расчисти топката го
удри Мартинез. Судијата го прегледа целиот инцидент на ВАР и на крајот реши
само да досуди корнер на огромно изненадување. Баерн не се снајде најдобро по
нафрлувањето од аголот, Гачиновиќ повлече контра и ја затресе небранетата мрежа
за 1-3 и огромно славје на „Орлите“ кои го освоија трофејот од Купот на
Германија по 30 години.