Каков натпревар на Сантијаго Бернабеу, уште една неверојатна престава во Лигата на шампионите која заврши среќно за Реал Мадрид.
Јувентус ги освои симпатиите на неутралната публика, одигра маестрално во најголемиот дел од натпреварот, но благодарение на гол од пенал во судиското продолжение испадна.
Манџукиќ со два гола во првото полувреме најави сензација, а во 61. минута Матуиди по една грешка на Навас постигна гол за предност на Јувентус и од 3-0.
Големата негатива беше неутралеизирана, потребен му беше уште еден гол на Јувентус за сензација, но тогаш италијанскиот тим како да се повлече, а Реал Мадрид тргна напаѓачки.
Кога се мислеше дека натпреварот ќе отиде во продолженија, Бенатија направи пенал врз Вазкез, можеби сомнителен, но Мајкл Оливер покажа на белата точка и му даде црвен картон на Буфон поради жесток протест на италијанскиот голман.
Војчех Шчесни застана на голот на Јуве, но Кристијано Роналдо изведе перфектен пенал кој заврши во мрежата на противникот за огромна радост на Реал Мадрид.
Малку фалеше за нова сензација, Реал Мадрид е во полуфиналето, Јувентус долго ќе жали за овој натпревар.
Во вториот денешен дуел Баерн Минхен ја сочува предноста од Севиља, реваншот заврши без голови па и Баварците се во полуфиналето.