Дракслер: За ова ли потрошивме 400 милиони евра, да чекаме да ни падне гол од небо?

by
1 минути читање

„Светците“ со
големи амбиции влегоа во Лигата на шампионите откако пред почетокот на сезоната
потрошија 400 милиони евра за ангажман на Нејмар и Килијан Мбапе.

Но тие доживеаја
елиминација уште во првата нок-аут рунда. Реал Мадрид вчера со нова победа и
вкупни 5-2 го исфрли ПСЖ од најелитното европско натпреваруање.

По крајот на
натпреварот, Јулијан Дракслер упати силни критики на адреса на Унаи Емири и
имаше замерки за пристапот на „Светците“ во првото полувреме.

„Реал Мадрид
играше смирено и без нервоза. Ние само ја подававме топката напред-назад, но
така не можете да победите. Кога губите со 1-3, морате да го притиснете Реал и
да извршите притисок врз противникот од самиот старт
– вели Германецот

„Не може само да
ја додавате топката и да чекате голот да падне од небо. Заслужено сме
елиминирани. Изминатово лето потрошивме 400 милиони евра и тоа требаше да
донесе пормени, но еве повторно не успеавме да поминеме осминафинале
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани