Кога фановите се
„пецкаат“ за тоа кој клуб добива помош од судиите, ривалите на Барселона се
бунат дека заборавиле кога последен пат бил досуден пенал против клубот од Камп
Ноу.
Последен пат пенал
против Барселона беше досуден на 14. февруари 2016, на дуелот со Селта Виго
кога Жорди Алба направи прекршок во сопствениот шеснаесетник.
746 дена подоцна
конечно е свирнат нов пенал против „Каталонците“. Судијата Метеу Лахоз покажа на
белата точка на вечерашниот дуел со Лас Палмас.
Одлуката падна по
еден корнер од десната страна, иако домаќините неколку минути претходно исто
така бараа најстрога казна за играње со рака на Иниеста.
Пеналот беше
досуден за играње со рака на Дињ, но одлуката е прилично контроверзна и разви
голема дебата на социјалните мрежи. Левиот бек имаше минимален контакт со
топката, а воопшто немаше ниту намера.
Поранешниот судија
Андухар Оливер за Марка вели: „Во прв момент помислив дека пеналот е досуден за
контактот помеѓу Серхи Роберто и Агирегарај. Но повторените снимки покажаа дека
Дињ играл со рака. Сепак морам да признам дека тој едвај ја допре топката а и
немаше намера да игра со рака“.
Las Palmas vs Barcelona Penalty Kick GOOOOAL ties the Game Now Playing #Barcelona #LasPalmas #LasPalmasBarca #LasPalmasBarcelona #BarcelonaSC #BarcelonaFc #ChampionsLeague #MLS #LaLiga #WorldCup #WorldCup2018 #futbol #soccer #news #np #Goal #goals #GoalOfTheDay pic.twitter.com/gaO8y1J7DQ
— In Case You Missed It (@GoalsSoccerNews) March 1, 2018