Дортмунд плати 40 милиони за него, а тој не ги знае правилата:  Моравме да му објаснуваме…

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач вели дека Џоб Белингем не ги знаел правилата на Светското клупско првенство и тоа дека со два жолти картони се добива суспензија од еден натпревар.

Реал Мадрид ќе се сретне против Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Светското клупско првенство, но браќата Џуд и Џоб Белингем нема да истрчаат еден против друг на теренот во САД.

Новото засилување на Борусија Дортмунд од 40 милиони евра синоќа заработи жолт картон, па ќе биде суспендиран за пресметката во Њу Џерси.

Во разговор со новинарите, Нико Ковач појасни дека младиот Англичанец не ги знаел правилата, па на полувремето му објаснувале дека ќе го прескокне следниот натпревар.

„Сите можеа да видат дека тој беше многу разочаран. Мислам дека не ги знаеше правилата и тоа дека втор жолт картон значи суспензија. На полувремето морав да му објаснувам, беше прилично изненаден“ – вели тренерот на Борусија Дортмунд.

„Но ајде, тој е млад, неговиот брат исто така е млад па сигурен сум дека ќе имаат друга прилика да играат еден против друг. Можеби веќе уште следната сезона во Лигата на шампиони“.

Спортскиот директор Себастијан Кел додаде: „Беше многу тажен, моравме да го тешиме по крајот на натпреварот. Сите сакавме да се испише оваа убава приказна“.

ФОТО: X/Borussia Dortmund

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×