68
Џанлуиџи Донарума со синоќешните перформанси уште еднаш покажа зошто со само 18 години е сметан за еден од најдобрите голмани во светот. Милан загуби, но аплаузи за неговата партија.
Често има шпекулации кои го поврзуваат Донарума со заминување од Милан и преселба во Јувентус, но синоќа тој покажа кој е неговиот клуб.
По крајот на мечот, Донарума пред навивачите на Јувентус го бакна беџот на Милан и ја покажа својата верност кон росоњерите.