362
Според „Quotidiano Sportivo“, Донарума од следната сезона ќе настапува за ПСЖ.
Медиумот пишува дека ПСЖ имале три опции, Алисон од Рома, Јан Облак од Атлетико Мадрид и Донарума, одлуката паднала на голманот на Милан.
Преговорите помеѓу ПСЖ и агентот на Донарума, Мино Рајола се во напредна фаза.
Се шпекулира дека ПСЖ на Милан ќе му понуди сума која италијанскиот клуб тешко ќе може да ја одбие.
Но, дали има вистина во ваквите најави би требало да видиме дури по крајот на сезоната.