237
Вечерва со почеток од 20:45 часот, Милан и Интер играат натпревар од Купот на Италија, победникот ќе игра со Лацио во полуфиналето.
Донарума е неизвесен поради повреда на препоните заработена на тренинг.
Според Скај Спорт Италија, тој треба да стисне заби и да го одигра мечот, но последниот збор го има медицинскиот тим од кој засега препораката е да не игра, но дефинитивниот одговор ќе се знае пред натпреварот.
Доколку Донарума настапи на вечерашниот натпревар тоа ќе биде негов јубилеен 100. во дресот на Милан, што е импресивна бројка за тинејџер од 18 години.