73
Џанлуиџи Донарума
би можел претстојното лето да си замине од Милан доколку клубот не обезбеди
место во Лигата на шампионите.
„Газета дело
Спорт“ пишува дека 19 годишниот голман има откупна клаузула во неговиот договор
со тимот од Милано во висина од околу 35 милиони евра што би можела да биде
активирана претстојното лето доколку Милан заврши вон водечката четворка во
Серија А, нешто што изгледа реалност.
На десет кола до
крајот во Италија, Милан има пет бода негатива во однос на четвртопласираната
екипа на табелата во Серија А, градскиот ривал Интер.