„Домаќините стоеја на терен, публиката сакаше да ги натепа!“ – и на судиите им бил сомнителен мечот Кожуф-Башкими

by bojan
1 минути читање

Од таборот на Башкими и Кожуф негираат дека имало местенка на фудбалскиот натпревар што вчера се одигра во Гевгелија, но во записникот на судијата стои дека се случувале сомнителни работи.

Натпреварот од втората лига на Македонија помеѓу Кожуф и Башкими се најде во фокусот на македонската спортска јавност откако гостите под чудни околности стигнаа до победа од 1-2.

Голот беше постигнат во 94. минута, а домашните фудбалери и голманот практично стоеја и не се обидоа да го спречат Башкими да ја затресе мрежата.

И додека речиси сите гледаат местенка, Башкими и Кожуф денеска излегоа со соопштенија во кое се вели дека немало ништо нелегално или нефер.

Сепак, во записникот на судиската тројка предводена од Игор Стојчевски стои дека се случувале сомнителни работи на натпреварот во Гевгелија.

„Увидовме дека нешто сомнително се случува на натпреварот, скоро сите од домашните играчи почнаа да бараат принудни замени и сакаа да го напуштат теренот. При скоро секоја акција на гостинската екипа, домашните играчи стоеја на теренот и не играа како што игра во првото полувреме. Домашниот голман беше на висина на задачата се до последната акција, кога застана заедно со целата домашна одбрана, која не беше заинтересирана да го блокира гостинскиот напад и гостинската екипа постигна погодок. Вториот погодок беше постигна во 93 минута и 12 секунда. На крајотл од натпреварот домашната публика сакаше да влезе на теренот и физички да се пресмета со играчите, но до тоа не дојде бидејќи пристигнаа полицајци“ – се вели во дел од извештајот на Игор Стојчевски.

Дури и самиот тој и неговите колеги се дистанцираат од случувањата на натпреварот.

„Ние како меѓународни судии се срамиме што присуствувавме на ваков срамен натпревар“ – завршува судијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани