Докторот на данската репрезентација откри информации за состојбата на Ериксен

by 24 фудбал
1 минути читање

Од Данска пристигнаа охрабрувачки вести за Кристијан Ериксен, откако искусниот играч за врска колабираше за време на пријателскиот натпревар против Украина.

Инцидентот предизвика загриженост кај сите присутни, но според лекарскиот тим на данската репрезентација, фудбалерот брзо ја вратил свеста и самостојно го напуштил теренот. Докторот на националниот тим, Мортен Боесен, потврди дека Ериксен е во добра состојба и дека пејсмејкерот функционирал нормално во моментот на инцидентот.

Кристијан е добро и комуницира со нас. Ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се утврди причината за случувањето“, изјави Боесен.

Ериксен бил пренесен во болница на дополнителни тестови, а преку докторот испратил порака со благодарност до соиграчите и навивачите за поддршката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×