Доколку нема драматичен пресврт, Буфон во среда ќе стане „Светец“?!

by
1 минути читање

Иконата на
Јувентус и Италија, оваа недела се збогува од „Старата Дама“, но реши да не
стави крај на богатата кариерата. Самиот Џиџи Буфон потврди дека во последен момент добил
неколку примамливи понуди и сериозно ги разгледува.

Се шпекулираше со
имињата на Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ, и се чини дека „Светците“ се тие кои се
најконкретни.

И покрај тоа што
првиот човек на клубот Насер Ал Келаифи истакна дека ПСЖ не бара нов голман, медиумите
од Франција и Италија се убедени дека Џиџи Буфон пристигнува на Паркот на
Принцовите.

Новинарот на Скај
Спорт, Џовани Гвардала вели дека агентите на голманот и преставници на ПСЖ ги
пеглаат последните детали и во текот на следните 48 часа се очекува да биде
постигнат конечен договор. Џиџи Буфон ќе
биде голман на ПСЖ во следните две години (до 2020) и ќе има плата помеѓу 7 и 8
милиони евра по сезона.

Извештајот вели
дека екипата на Парма стапила во контакт со Џиџи Буфон по обезбедената
промоција во Серија А, за да опипа терен за враќање од сонишнатата на својот
поранешен играч, но одговорот бил негативен бидејќи преговорите со ПСЖ веќе
бидел во многу напредна фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани