Договорени сите детали околу финалето на Купот, нека биде фудбалски празник

by
2 минути читање

Како што информираат од „Куќата на Фудбалот“ на официјалниот сајт, апелирано е од сите страни натпреварот да мине во фер и коректна атмосфера, а согласно планот за безбедност во координација со МВР презентиран е и концептот поврзан со организацијата на мечот.

„Целта на Комисијата за безбедност на ФФМ е да се превземат сите превентивни, организациски мерки и активности за натпреварот кој е прогласен од висок ризик.  Според правилникот за безбедност на ФФМ и Законот за спречување на насилството и недолично однесување на спортските натпревари, клубовите исто така се должни да превземат мерки и активности за престојниот натпревар за што уште еднаш им беше укажано од страна на делегатот на натпреварот.


Претставниците на МВР информираа дека од нивна страна според изготвен план ќе бидат превземени посебни мерки и активности за престојниот натпревар.


Заеднички став на присутните на состанокот е важноста од напомена до сите кои имаат намера да присуствуваат на натпреварот за забрането внесување на пиротехнички сретства, знамиња или транспаренти со недозволена содржина и други предмети со текст, слика, знак или други обележја, како и да не скандираат содржини кои предизвикуваа и потикнуваат омраза или насилство врз основа на верска, расна и национална припадност. Во спротивно од страна на делегатот и главниот судија ќе бидат превземени мерки и активности според Правилникот за натпреварување (Правило во три чекори – превземено согласно правилниците на УЕФА и ФИФА)“ – стои во дел од соопштението на ФФМ.

Од ФФМ додаваат дека бројот на билети е ограничен, во договор со клубовите и претставниците на МВР.

Големото финале е предвидено да се одигра на 17. мај (наредната среда) на стадионот „Младост“ во Струмица, а за престижната титула ќе се борат Пелистер и Шкендија која го брани тронот освоен ланската сезона откако во финалната пресметка славеше над Работнички со 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани