„Кралевите“
играат очајно, па наместо да се борат со Барса за врвот, тие водат битка со
Виљареал за четвртата позиција на табелата.
Денеска на
Бернабеу гостува Депортиво, и гостите беа први кој погодија, Адријан во 23.
минута донесе предност од 0-1.
Но Реал до крајот
на првиот дел го сврте резултатот во своја корист, Начо изедначи на 1-1 во 32.
минута а Герет Бејел погоди маестрално за 2-1 десет минути подоцна.
По една долга
акција, Кристијано Роналдо под минимален контакт падна во шеснаесетникот и
бараше пенал. Додека Португалецот како голем плачко мафташе со рацете, Герет
Бејл се намести на лева и прекрасно пласираше на подалечната статива за ерупција на Бернабеу. Велшанецот се радуваше, а ЦР7 и понатаму правеше гестикулации кон судијата.