„Додади уште некоја“ – реакцијата на Гвардиола кога четвртиот судија покажа 8 минути продолжение (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ долго време имаа водство но Варди погоди од пенал во 96. минута и го однесе натпреварот во продолженија, па и пенали.

Манчестер Сити беше подобар изведувач на ударите од белата точка и ја продолжи битката за сите четири титули.

Пеп Гвардиола беше прилично расположен по крајот на натпреварот, но не беше така во финишот од регуларните 90 минути, кога гостите грчевито ја бранеа предноста.

Судијата реши дека треба да има 8 минути дополнителни минути, на Пеп Гвардиола не му се допадна ова, па иронично му ракоплескаше на четвртиот судија и му кажа „Додади уште некоја“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани