Добринко Илиевски го објави списокот за мечевите со Русија и Гибралтар

by
1 минути читање

Младата македонска репрезентација ги игра последните два меча од квалификациите за Европско првенство. На 12. октомври гостуваме кај Русија, а на 16. го пречекуваме Гибралтар.

На списокот на Илиевски се 20 фудбалери. Ги нема Фазлагиќ и Чурлинов кои се во националниот тим до 19 години, а нови имиња се Агрон Руфати, Оливер Стојменовски, Кристијан Трајчевски, Кристијан Трпановски и Енур Тотре.

„Пред нас се двата последни мечеви во овие квалификации. И двата имаат специфична тежина. Русија има квалитетен состав и ќе игра пред својата публика, додека со Гибралтар сме пред императив да победиме. Јас се надевам дека ќе им вратиме на Гибралтар по оној пораз не негов терен, но одиме чекор по чекор. Прво Русија, па потоа ќе мислиме на Гибралтар. Фазлагиќ и Чурлинов овојпат се со селекцијата до 19 години, да помогнат со оглед дека ги очекуваат квалификации. Нови имиња се Агрон Руфати, Оливер Стоименовски, Кристијан Трапаноски и Кристијан Трајчески, а повратник е и Енур Тотре. Полека се прави селекција и за следниот циклус, помладите да почувствуваат како е да се биде дел од репрезентацијата до 21 година, истакна селекторот Илиевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани