74
Ватфорд му нанесе
тежок пораз на англискиот првак Челси совладувајќи го на домашен терен со 4-1
во редовното коло од Премиерлигата.
Првиот гол за
домаќините, од пенал го постигна Трој Дини на три минути пред крајот на првиот
дел, а откако ја смести топката од мрежата на противничкиот гол, имаше една
доста непристојна гестикулација…
Сигурно дека ФА ќе го разгледа овој случај, а на 29 годишниот фудбалер на Ватфорд најверојатно му се заканува казна поради овој гест.