125
Анте Чориќ,
фудбалерот кој важи за голем талент на хрватскиот фудбал и официјално премина
во редовите на Рома, која на Динамо Загреб му исплати осум милиони евра
обештетување, а офанзивецот потпиша петгодишен договор со тимот од Рим.
Хрватот ќе
заработува еден милион евра на Олимпико, а бонусите засега не се познати, тој
доаѓа во Рома на инсистирање на спортскиот директор на тој клуб, Рамон Мончи
кој очигледно има големи очекувања од талентираниот Хрват.
Ќе издвоиме дека
Чориќ не се најде на списокот на Златко Далиќ за Светското првенство во Русија
кое идниот месец се одржува во Русија.