Динамо Загреб ќе ја збогати клупската каса за 15 милиони евра со фудбалер кој навива за Хајдук

by
1 минути читање

Динамо Загреб пред шест
години го доби Никола Моро и го активираше во своите младински погони, а дека
хрватскиот клуб има сенс за таленти, потврдуваат и најавите дека сега од него
може да заработи богатство.

19 годишниот фудбалер
кој игра на средината од теренот има важечки договор со Динамо Загреб до 2022. година,
а се поврзува со трансфер во украинскиот првак Шахтјор за фантастични 15
милиони евра.

Моро е доста интересен фудбалер за хрватската јавност кој инаку никогаш не криел дека навива за Хајдук, инаку потекнува од Сплит.

Сепак, тој често истакнуваше дека како фудбалер на Динамо Загреб за него нема емоции на терените и постојано уверуваше дека во клубот се однесува како професионалец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани