„Динамо направи чудо во ЛШ – или јас сум луд или некој не е нормален!“

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватскиот фудбалски тренер Самир Топлак зборуваше за сезоната на Динамо Загреб во Европа.

„Модрите“ и покрај проблемите во домашното првенство одиграа навистина одлично во Лигата на шампионите, па на крајот за малку извисија за место во плеј-офот иако во последното коло на „Максимир“ падна и Милан.

Според Топлак, тоа што Динамо го направи во Европа е фудбалско чудо, а тој имаше само пофални зборови за тимот во кој настапуваат Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Тоа што Динамо го направи во Европа е чудо. Го презентираше хрватскиот фудбал на топ ниво. Победата над Милан е заслужена, тие беа надиграни. Динамо и хрватската репрезентација го држат фудбалот во земјата над површината. Сè останато е потпросечно. Една работа ме буни и изненадува. Замислете кога дојде Фабио Канаваро, читаме дека сака да игра висок пресинг. Чекај, застани малку или јас сум луд или некој не е нормален. Па што играше Динамо сите овие години во хрватската лига? Не е тоа измислено од Канаваро“, прокоментира Топлак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани