Детенцето кое лиеше солзи на трибините на Вембли најдобро покажува како им на фановите на Арсенал (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Арсенал од сезона
во сезона е се поочаен, фановите се погласно бараат заминување на Арсен Венгер
но промена нема. Долги години финиш во топ четири беше како освојување на
титула, но повеќе ниту оваа цел е остварлива.

„Топчиите“
минатата сезона не се изборија за место во Лигата на шампионите, и дозволија
лутиот локален ривал, Тотенхем да заврши пред нив на табелата.

И оваа сезона е
иста ако не и полоша, Арсенал игра под очекувањата и не само што има огромно
заостанување зад лидерот на табелата, „Топчиите“ се и далеку од топ четири
пласман.

Денеска имаа
можност колку толку да ја спасат сезоната со трофеј во Лига Купот, но се
прикажаа во очајно светло на Вимбли и воопшто не го ставија на мака противникот
кој лесно со 3-0 се радуваше на успех.

На социјалните
мрежи хит е едно видео со детенци кое лиеше солзи на трибините. Фановите се
едногласни дека многумина се чувствуваат така изминативе години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани