Десет натпревари беа доволни, Рајо го одврза ќесето и го откупи Димитриевски!

by
1 минути читање

Столе Димитриевски бранеше за Рајо Ваљекано како позајмен играч од Гимнастик, но тие ја искористија опцијата за целосен откуп и го направија трансферот перманентен потпишувајќи договор до 2022 година.

Според шпанските медиуми, Рајо Ваљекано на Гимнастик му плати еден милион евра за Димитриевски плус процент од следниот трансфер.

Интересно е што во летниот преоден рок Димитриевски не ни беше прва опција за купување на Рајо Ваљекано, тие се одлучија за Македонецот откако не успеаа да ги донесат Давид Сориа или Роберто. Нашиот голман во последните моменти од преодниот рок го направи трансферот.

Сезоната во Рајо ја почна како втор голман, но кога ја доби шансата ја искористи максимално. Во десет натпревари Рајо со Димитриевски на голот освои 17 бодови од можни 30 и излезе од зоната за испаѓање. Македонскиот голман ги освои фановите, а и раководството на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани