125
Љубовта кон
фудбалот не признава граници, за тоа дека Турците се големи фудбалски фанатици
е од поодамна познато, а овој пат тие уште еднаш ја докажаа на дело својата
страст кон спортот број еден во светот.
На аматерскиот
меч во рамките на турскиот фудбалски шампионат, помеѓу Артвина и Карса во
североисточна Турција имаше, ни помалку, ни повеќе, туку цели десет илјади
гледачи на трибините.
Инаку, конечниот
исход од оваа средба гласеше 2-0 за домаќините, а дуелот не само што се следеше
од трибинскиот простор, туку и од околните згради, од кои некои во изградба…