Возбудувањата од осминафиналната рунда на Лигата на шампионите продолжуваат со втората половина натпревари.
Најголемото дерби ќе се одигра на „Паркот на принцовите“, каде што ПСЖ ќе го дочека Ливерпул. Екипата на Луис Енрике игра неверојатна сезона, меѓутоа и ривалот предводен од Арне Слот не е ништо полош. Поради добрата форма овој двомеч е еден од најочекуваните во оваа нокаут рунда.
Дерби ќе се одигра и на „Алијанц Арената“ каде што Баерн Минхен ќе го дочека Баер Леверкузен. Германскиот првак гостува кај најголемиот тим од оваа земја, па се очекуваат многу возбудувања.
Гостински натпревари ги очекуваат Интер и Барселона. „Нераѕурите“ одат на мегдан кај Феенорд на „Де Кајп“, додека каталонскиот гигант оди на „Да Луж“ кај Бенфика.
- Натпревари денес во ЛШ:
Феенорд – Интер
Бенфика – Барселона
Баерн Минхен – Баер Леверкузен
ПСЖ – Ливерпул