Легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пиеро смета дека Квича Кварацелија заслужува да ја освои „Златната топка“ по сезоната во која беше еден од клучните играчи во европската титула на ПСЖ.
Парижаните ја одбранија титулата во Лигата на шампионите откако во финалето го совладаа Арсенал по изведувањето пенали. Натпреварот по 120 минути заврши 1-1, а францускиот тим славеше со 4-3 во пенал серијата. Иако стрелец за ПСЖ беше Усман Дембеле, а признанието за играч на натпреварот го доби Витиња, Дел Пиеро смета дека најголемото признание треба да му припадне на Кварацелија.
„Да не се гледаше Светското првенство, Кварацелија сигурно ќе ја освоеше Златната топка. Никој не беше толку пресуден со своите голови, асистенции и влијание врз играта. Одиграа одлична сезона, но по водството делуваа премногу пасивно. Тоа е единствената забелешка за нивната кампања. Треба да се има предвид колку е тешка и напорна Премиер лигата“, изјави Дел Пиеро.
Грузискиот репрезентативец сезонава одигра 48 натпревари, постигна 19 голови и запиша 11 асистенции. Во ПСЖ пристигна во јануари минатата година од Наполи во трансфер вреден 80 милиони евра.