Барселона и
Антоан Гризман, тоа е најавата за претстојниот трансфер период за која подол
период се шпекулира, дури дојде и до „војна“ помеѓу Каталонците и Атлетико
Мадрид, чии челници отворено проговорија за според нив, нечесниот пристап во
приговорите од страна на тимто од Камп Ноу.
Спорт пишува дека
Барселона веќе има договор за да го ангажира Французинот, а на Атлетико Мадрид
ќе му исплати 100 милиони евра на 1 јули, онолку колку што изнесува откупната
клаузула на офанзивецот.
Според
неофицијалните информации, Каталонците веќе постигнале договор со сестрата на
Гризман, која е негов агент, а фудбалерот ќе биде втор најплатен во составот на
Барселона по Лионел Меси.
Гризман на
годишно ниво ќе има заработка од 15 милиони евра, а наводно ќе потпише
петгодишна соработка со тимот од Камп Ноу, во договорот ќе има и високи суми на
бонуси.