Децата на Венгер го намачија Мурињо, Фелаини донесе победа во 91. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвените ѓаволи“ потешко од очекувањата го совладаа Арсенал во натпревар кој ќе биде последен за Арсен Венгер на Олд Трафорд како менаџер на „Топчиите“.

Гостите направија неколку измени во составот поради дуелот со Атлетико во Лига Европа, но пружија добра битка. Погба ги донесе домаќините во водство во 16. минута, а Арсенал изедначи на стартот од вториот дел. Мхитарјан со прецизен шут по земја од врвот на шеснаесетникот погоди за 1-1.

Трите бода сепак останаа во Манчестер откако во првата минута од судиското надополнување Фелаини скокна највиско и реализираше за 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани