87
Винченцо Монтела со мислите беше и во Купот на Шпанија каде играат против Леганес во полуфиналето, остави на клупа неколку првотимци, но тоа не е оправдување за срамот кој го доживеа.
Дека Севиља ја очекува дебакл беше уште во 37. секунда од натпреварот кога Кике по една соло акција погоди за водство на Еибар од 1-0. Во 17. минута Орељана зголеми на 2-0. Четири минути подоцна Севиља од пенал преку Сарабија успеа да го намали резултатот на 2-1.
Во 32. минута преку Рамис, Еибар ја врати предноста од два гола разлика, а во второто полувреме Орељана и Арбиља погодија за конечни 5-1.