Аргентина без Лео Меси доживеа срамен пораз на пријателскиот натпревар со Шпанија. Црвената фурија немаше милост за гаучосите и дури шест пати ја тресеше нивната мрежа.
Серијата погодоци ја отвори Диего Коста уште во 12. минута, во 27. Иско реализираше за 2-0, и на двата погодоци Асенсио беше асистент. Пред крајот на полувремето Отаменди погоди со глава и намали на 2-1.
По само седум минути игра во второто полувреме нов гол на Иско за предност од 3-1, само три минути подоцна Алкантара зголеми на 4-1 и го најави дебаклот. До крајот на мечот погоди Аспас за 5-1, а триумфот го запечати Иско кој комплетираше хет-трик за конечни 6-1.
Бразил со гол на Габриел Жесус ја победи Германија со 1-0.
Англија со погодок на Варди долго време имаше водство против Италија која преку Инсиње од пенал во самиот финиш на мечот се спаси од пораз за конечни 1-1.