Искусниот 34
годишен фудбалер на Рома, Даниеле Де Роси, целата своја кариера ја мина во
тимот од Рим, иако имаше безброј понуди од европски гиганти, но тој се реши да
го следи патот на легендата на клубот, Франческо Тоти.
Де Роси признава
дека гледано од професионален аспект, одлуката да остане во Рома била погрешна,
но, да се остане во клуб каде ретко се освојуваат трофеи е обид да се смени
менталитетот.
„Тоа што останав
во Рома беше погрешен избор гледано од професионален аспект, но јас се плашев
од сите ситуации поврзани со оваа тема“ рече Де Роси.
„Постојат повеќе
начини да се биде амбициозен, да останеш таму каде што не си навикнат да
подигнуваш трофеи исто така значи дека се обидуваш и да промениш нешто во однос
на менталитетот“ додаде тој.