259
Рома на Камп Ноу доживеа убедлив пораз од Барселона со 4-1, на тој натпревар Даниеле Де Роси и Костас Манолас си постигнаа автоголови.
Овие двајца играчи како да имаа причина повеќе од другите да го дадат максиумот на Олимпико, како да требаше да докажат нешто. Тоа и се случи, Де Роси и Манолас беа едни од клучните за големата победа.
Де Роси во 58. минута постигна гол од пенал, а Манолас на десетина минути пред крајот погоди со глава за историска победа на Рома.