Де Роси: Еден од моите најсреќни денови

by
1 минути читање

Откако се пензионираше Тоти, Даниеле Де Роси е срцето на денешниот состав на Рома. А Волчицата денеска направи неверојатна сензација победувајќи ја Барселона со 3-0, што е едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите.

„Знаевме дека ќе биде тешко, но ја имавме таа трошка надеж во нас. Првиот меч покажа дека Барселона има голем квалитет, но не толку голем како во претходните години. Ние си постигнавме два гола, имаше некои спорни ситуации па знаевме дека 4-1 не беше вистинскиот резултат“, вели Де Роси.

„Беше тешко да се победи со 3-0 дома и да не се прими гол, но сите заслуги одат на сметка на тренерот, бидејќи пред два дена тој ја измисли оваа формација, ни ја стави во главите и тоа на теренот се одвиваше извонредно“.

„Ова сигурно е еден од моите најсреќни денови во кариерата како фудбалер на Рома. Бев трогнат од вановите пред почетокот на мечот, им реков на моите соиграчи, ако тие веруваат, ние не смееме да размислуваме поинаку“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани