Де Брујне само два пати разговарал со Мурињо додека бил во Челси

by
1 минути читање

Утре ќе имаме
можност да проследиме мега пресметка во рамките на редовното 32 коло од
англиската Премиерлига, каде Манчестер Сити во градското дерби ќе го пречека на
домашен терен Манчестер јунајтед.

Сити сигурно дека
ќе сака да се рехабилитира по оној убедлив пораз од Ливерпул и со тоа што е
пред елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а Кевин Де Брујне,
во пресрет на утрешното дерби, проговори за тоа каков бил неговиот однос со
Жозе Мурињо, во текот на неговиот престој во Челси.

Би рекол на
дистанца, не сум некој што многу сака да зборува со тренерите, јас имам таков
став, доколку тренерот сака да разговара со мене, тоа ќе го направам. Тој е
главниот, можете да бидете добар со секого, но треба да постои дистанца помеѓу
тренерот и фудбалерот
“ вели Де Брујне.

Со Мурињо
разоварав само два пати, кога сакав да се преселам во Дортмунд и втората средба
(пред трансферот во Волфсбург), му реков дека сакам да си заминам, имам потреба
да играм
“ додаде тој, откривајќи дека причината за да разговара со него, на два пати била од иста природа, поради потребата да си замине од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани