Де Брујн игра во одлична форма цела сезона, има 15 асистенции, седум голови и повеќе импресивни партии во средниот ред. Но, Белгиецот не се штедеше да се пофали самиот себе си.
„Мислам дека заслужувам да ја освојам наградата бидејќи бидејќи сум многу постојан во формата. Многу сум среќен со себе“, вели Де Брујн.
„Многу сум задоволен од тоа како одиграв досега и не очекував дека работите ќе бидат толку добри сезонава“.
„Речиси и да немаше натпревар во кој мојот стандард падна, многу сум постојан. Многу сум задоволен што го одржувам тоа високо ниво на игра“.
„Не може да се споредуваме со Салах, тоа е невозможно. Секој има свое размислување. Зависи од тоа што луѓето гледаат во фудбалерот“.
„Салах има неверојатна голгетерска серија. Но ние сме тотално различни играчи. Изминатиот викенд јас играв дефанзивен играч од средниор ред. Па како би ме споредувале со напаѓач? Немам идеја“.