Фудбалерите на Вардар ги продолжуваат подготовките во Норчија, Италија, каде што ќе престојуваат до 2 јули, а голманот Давор Талески е задоволен од досегашниот тек на подготовките и атмосферата во тимот.
Според чуварот на мрежата на „црвено-црните“, условите за работа се на високо ниво, а позитивната енергија од успешната мината сезона треба да биде дополнителен мотив за претстојните европски настапи.
„Одлично се подготвуваме во Италија, имаме добри услови за работа. Имавме добра сезона зад нас и целата таа позитивна енергија што се случи со титулата и последните резултати кои ги направивме, сакам да ја насочиме кон ЛШ и да пробаме да го победиме финскиот шампион“
Интересно е што голманот добро го познава ривалот, бидејќи во минатото настапуваше во Финска во дресот на Хонка и веќе има искуство од дуели против КуПС.
„Сум бил една сезона во Финска, знам добро што не очекува со КуПС. Се работи за директна екипа што игра на гол повеќе. Првиот меч во Скопје ќе зависи многу од исходот во првата рунда. Се надевам дека со нашите навивачи заедно ќе се избориме за добар резултат дома, па ќе играме за исто и на гости. КуПС игра на вештачка трева, имаат мал стадион, секогаш е тешко да се игра против нив. Се работи за права домашна екипа. Првиот меч во Скопје ќе зависи многу од исходот во првата рунда. Се надевам дека со нашите навивачи заедно ќе се избориме за добар резултат дома, па ќе играме за исто и на гости“
Ако Вардар биде на ниво верува дека може да дојде до следната фаза.
Мислам дека ако бидеме на ниво, а не гледам зошто би биле, сметам дека може да имаме долго европско лето. Против КуПС сум бранел двапати, еднаш сум бил успешен со победа и се надевам дека и сега ќе продолжи истото и со Вардар во ЛШ“