Професионалната асоцијација на фудбалери (PFA) денеска ги соопшти кандидатите за престижната индивидуална награда Најдобар играч во Премиерлигата.
Манчестер Сити има фантастична сезона, избраниците на Пеп Гвардиола можат да испишат нови страни во истројата па затоа дури тројца „Граѓаните“ во имињата на Кевин Де Брујне, Давид Силва и Леој Сане, се помеѓу финалистите.
Хари Кејн од Тотенхем исто така е номинаран, како Мохамед Салах, кој е прв кандидат откако веќе сруши неколку рекорди во својата прва сезона во дресот на Ливерпул.
На најдобрите стрелци и асиснтеци им пркоси Давид Де Хеа, кој има уште една фантастична сезона на голот на Манчестер јунајтед.
The 2018 nominees for the PFA Players’ Player of the Year!@DeBruyneKev, @D_DeGea, @HKane, @22mosalah, @LeroySane19 and @21LVA
#PFAawards pic.twitter.com/8zRqOmDXJZ
— PFA (@PFA) April 14, 2018