Дарко Чурлинов по одличната сезона се збогуваше со Јагелoнија

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се прости од полскиот клуб Јагелонија, каде што имаше одлична сезона.

На социјалните мрежи, Чурлинов испрати благодарност до клубот, со емотивна порака: „Ти благодарам Јагелонија за сезоната“.

Фудбалерот кој е под договор со англиски Барнли, во полскиот прволигаш пристигна како позајмен фудбалер на стартот од оваа сезона. За кратко време успеа да се наметне како клучен играч и да помогне тимот да испише историја.

Со Чурлинов во составот, Јагелонија стигна до четвртфиналето на Конференциската лига што беше најголем меѓународен успех во историјата на клубот. Покрај тоа стигна и до трофејот во Суперкупот на Полска.

По завршувањето на позајмицата, македонскиот офанзивец се враќа во Барнли, но не се очекува да остане во англискиот клуб.

Фото: Jagiellonia Białystok/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани