Милан и Интер
синоќа ремизираа во градското дерби на Милано во мечот кој заврши без погодоци,
иако имаше шанси и на обете страни, но напаѓачите не беа расположени да тресат
мрежи, особено Мауро Икарди.
Аргентинецот
имаше две неверојатни промашувања, тој не личеше на самиот себе во синоќешниот
дуел против Милан во Серија А, а има една доста интересна вест за тоа што се
случувало пред стартот на мечот.
Ванда Нара,
сопругата, а воедно и агент на Икарди се соочила со проблеми при влезот на „Сан
Сиро“, имаше повеќе шпекулации кои се споменаа како причина за тоа, како на
пример, тоа дека Милан со тоа сакал да го дефокусира Икарди, а сепак, се вели
дека таа имала проблеми со билетот.
Сопругата на
Аргентинецот има електронски билет на својот мобилен уред, но истиот не бил
регистриран во првиот обид по што се јавиле проблеми, редарите не сакале да
и прогледаат низ прсти и покрај тоа што знаеле за која личност се работи, па
побарале од неа повторно да се обиде.
ВИДЕО ОД ТОЈ МОМЕНТ – ТУКА.
За ова дознал и
Икарди, па оваа ситуација се споменува и како причина за неговата
дефокусираност од дербито со Милан.
Инаку, промашувањата на Аргентинецот синоќа беа од епски размери…
data-lang="en">
data-lang="en">