Поранешниот фудбалер на Тотнем и Манчестер јунајтед, Димитер Бербатов вели дека Арсенал „ новиот Стоук“ откако „топчиите“ со два гола од корнер вчера го добија дербито против „ѓаволите“.
Тимот на Микел Артета има специјално оружје, Арсенал во последно време е кошмар за противниците кога се во прашање прекините.
Така беше и на вчерашното дерби против Манчестер јунајтед, „топчиите“ стигнаа до триумф од 2-0 со два гола од корнер.
Па Димитар Бербатов го спореди Арсенал со тимот на Стоук предводен од Тони Пулис, кој беше страв и трепет од прекини, особено фамозните изведувања од аут на Рори Делап.
„Веројатно Премиерлигата е единственото првенство во светот каде имате толку многу луѓе околку голманот, се туркаат, се влечат, прават хаос. Вакви ситуации нормално се свират како фаул, но не и во Премиерлигата. Морате да бидете силни. Сигурен сум дека Рубен Аморим се чудеше покрај аут линијата и се прашуваше, „Што се случува со мојот голман“. Ќе мора да поработи на ова. Како што често се шегуваме, Арсенал е новиот Стоук Сити, нели? Често зависат од прекини, кои знаат да им донесат победа, како што беше случајот денеска“ – вели поранешниот фудбалер на Тотнем и Манчестер јунајтед.
Од почетокот на сезоната 2023/24 па до сега, Арсенал им постигнато 22 погодоци од корнер, што е 7 повеќе од следниот на листата, Манчестер Сити.
Избраниците на Микел Артета имаат постигнато 30 погодоци од прекини (во предвид не се земаат пеналите) во овој период, што е 25,2% од вкупниот број на погодоци во првенството (119).
Под водство на Тони Пулис, дури 81 гол од 188 на Стоук Сити беа од прекини, што значи дека процентот е 43,1.
Како што пренесува БиБиСи, за периодот од почетокот на сезоната 2023/24 па до сега, Евертон и Лутон имаа подобар процент од Арсенал, „карамелите“ од пoстигнати 54 погодоци, дури 27 им се од прекин (50%), додека пак кај Лутон, од 52 постигнати погодоци, 16 се од прекин (30,8%).