„Да не беше Челси, што ќе правеше Брајтон? „Сините“ постигнаа договор за нов трансфер вреден 60 милиони фунти!

by Стефан
1 минути читање

Повеќе нема никакви дилеми дека Жоао Педро ќе ја продолжи кариерата во Челси, а тоа ќе биде уште еден трансфер на реалација Брајтон – Челси.

Имено од 2022 година до денес „сините“ од Брајтон купија четири фудбалери и тоа за високи суми, а исто така и тренерот Грем Потер кој не издржа долго дојде до Брајтон.

За Жоао Педро, Челси ќе плати 60 милиони евра, додека претходно пристигнуваа: Роберто Санчез за кого дадоа 25 милиони фунти, рекордното засилување Моисес Каиседо за кого одвоија неверојатни 115 милиони фунт и Марк Кукуреља на кого потрошија 63 милиони.

Така се доаѓа до вкупна сума од 263 милиони фунти, плус и оштетата која беше платена за Потер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×