Црвена звезда е пресилна за Ларн, приказната е завршена уште во Северна Ирска! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Црвена звезда со 4-0 го победи Ларн во Северна Ирска и реваншот во Белград ќе биде само формалност, Динамо Загреб одигра 1-1 на гостувањето кај Тун.

Црвено-белите со убедлива победа се враќаат од гостувањето кај Ларн и веќе може да размислуваат на следното квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Резултатот го отвори Бруно Дуарте од пенал во 26. минута, Црвена звезда поведе со 1-0, тоа беше резултатот по првото полувреме.

По десет минути игра во второто полувреме, Букари направи супер потег и асистираше до Костов кој погоди за водство од 2-0.

Десетина минути подоцна, Бруно Дуарте постигна уште еден гол за убедлива предност од 3-0.

Конечните 4-0 за Црвена звезда ги постигна Чам на пет минути до крајот на мечот.

Динамо Загреб беше блиску до пораз од Тун во Швајцарија, но хрватскиот тим дојде до 1-1 во финишот од мечот.

Тун поведе во 20. минута со гол на Лабо, израмни Зајц во 85. минута.

Фенербахче со гол на Талиска го победи Горник Забрзе со 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×