Рома вчера одигра
историски натпревар, со 3-0 го доби реваншот со Барселона и приреди голема сензација.
„Волчицата“ целосно го надигра противникот и заслужено се најде помеѓу четирите
најдобри во Лигата на шампионите.
Барса беше
непрепознатлива на Олимпико, а искусниот Андрес Иниеста уште по првото
полувреме насети дека црно им се пишува и покрај минималната негатива од 1-0.
Капитенот на
изглегување од соблекувалната за вторите 45 минути, ги предупреди Серхи Роберто
и Самуел Умтити дека не можат да продолжат да играат во ист стил, но очигледно
никој не го послуша.
„Сигурно ќе
загубиме ако продлжиме да играме како што игравме до сега” – порача Иниеста.
Барселона и
Валверде се освестија дури откако Рома поведе со 3-0, но веќе беше доцна, „Волчицата“
одолеа на притисокот во последните 10 минути по што следуваше големо славје на
теренот и трибините.