77
Португалецот изминативе неколку дена е во центарот на вниманието поради тоа што тренира индивидуално и се говори дека е под знак прашалник за „Ел Класико“ и пресметката со Барселона во сабота.
Попладнево тој предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, но причина не е фудбалот туку неговиот стајлинг.
На Инстаграм, Кристијано Роналдо постираше слика на која тој носи комплетно црна облека, виолетови наочари и сребрени обетки, ланец, часовник и прстен.
Тој за неколку часа собра над 3,3 милиони лајкови и преку 43,5 илјади коментари. Најчесто фановите пишуваат дека тој е „гангстер“, „мафијаш“ или „рапер“.