Мекеј помогнал во посредувањето на договорот и го организирал летот, додека неговиот син Марк ја имаше улогата на агент за продажбата на фудбалерот од Нант во Кардиф за трансферот вреден 17 милиони евра.
Мекеј смета дека Кардиф го оставил играчот сам да си средува летовите, тој вели дека клубот морал да направи повеќе.
„Тој беше како напуштен во хотелот, повеќе или помалку беше оставен сам да ги извршува своите туристички аранжмани, изгледаше како никој во Кардиф да не прави ништо“.
„Беше малку срамно од Кардиф во оваа ситуација бидејќи имаа фудбалер со вредност од 17 милиони евра а го оставија сам да бира хотел и на компјутер сам да си бара лет. Мислам дека Кардиф дејствуваа многу лошо“.
Кардиф претходно ги демантираше таквите тврдења велејќи дека тие се понудиле да организираат комерцијален лет за Сала, но биле одбиени.
„Луѓето ќе бараат жртвено јагне, на почетокот ќе бидам јас, а на крајот веројатно ќе речат дека било грешка на пилотот“, вели Мекеј.
Беше утврдено дека пилотот нема дозвола за комерцијални летови, Мекеј на тоа одговори: „Кога ќе викнете такси и кога тој ќе дојде, не го прашувате дали има возачка дозвола“.