534
Здравко Мамиќ се
наоѓа на обвинителна клупа и се сомничи за малверзации кои ги правел на
функцијата претседател на хрватски Динамо Загреб.
Интересно, помеѓу
документите кои ги доставил тој до судот на денешното рочиште, се наоѓале и
упатства за тоа како да сведочи поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Дејан
Ловрен, моментално, член на Ливерпул.
Адвокатите на
Мамиќ тврделе дека во прашање се само некои неофицијални документи кои немаат
никаква поврзаност со тоа судење, но, судот јасно увидел на тоа дека се работи
за упатства со кои Ловрен требало да има во предвид што да одговори на
прашањата на судот поврзани со случајот.