Циркуз по мечот
помеѓу Темнич и Динамо во второлигашкиот шампионат на Србија, каде на
пресконференцијата за медиумите по мечот дојде до непријатни сцени кога
тренерите на двата тима не можеа да се усогласат за тоа кој прв ќе го има
зборот.
Како што налагаат
правилата, портпаролката збор му даде на гостинскиот тренер, Радмило Јовановиќ,
а тој го одби тоа.
„Јас би му го
препуштил зборот на мојот колега“ рече тој.
„Не, од почит кон
гостинот, нека каже прво господинот“ му одговори Драган Ѓорѓевиќ поместувајќи
го микрофонот кон него по што Јовановиќ возврати дека немало тој да му наредува
нему.
Инаку, Јовановиќ
е поранешен тренер на Темнич, каде мина две години на клупата на таа екипа, а
тензии имаше во текот на целиот меч кој домаќинот го доби со 2-1. Во моментите
кога гостите поведоа Јовановиќ имаше гестикулации кон домашната клупа, а истото
го сторија и домаќините во моментите кога се правеше пресвртот од 2-1.